6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ибрахимовиќ најави повлекување од репрезентацијата (видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шведска, Златан Ибрахимовиќ најави дека по европското првенство ќе се повлече од националниот тим.

„Последниот меч за репрезентацијата ќе го одиграм на ЕУРО 2016, се надевам дека тоа нема да биде утрешниот меч против Белгија. Многу сум горд на она што го постигнавме и секогаш ќе го носам шведското знаме со мене“, рекол Ибрахимовиќ на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Белгија.

Шведска по две кола во Е групата има еден бод и само победа над Белгија ќе ја однесе во нокаут рундата.

Златан Ибрахимовиќ со 62 постигнати гола е најдобриот стрелец во историјата на Шведска, за која има одиграно 115 натпревари.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.