Кралот во срце е единствениот крал во шпилот карти што нема мустаќи. Одговорот на прашањето, зошто е тоа така, нуди неколку теории.
Според една од нив, кралот во срце е дизајниран без мустаќи поради една поема. Англиска легенда вели дека кралот некогаш имал четворица синови, кои планирале да го поделат кралството. Сите синови, освен еден, имале мустаќи.
Кралот ги повикал своите уметници и им побарал да ги насликаат неговите синови, а потоа напишал поема во која навел дека од наследството ќе го лиши „чудниот крал на сликите“. Тоа значело дека синот без мустаќи ќе остане без својот дел од наследтсвото.
Има и такви кои сметаат дека кралевите од картите се инспирирани од историски ликови, а во ликот на „чудниот крал“ ги пронаоѓаат Александар Македонски и Карло Велики, кои немале мустаќи.
Американската компанија УСПЦЦ, која произведува карти, го фаворизира токму ваквиот изглед на кралот во срце. Познат е по четирите раце, додека другите имаат само две.
Постои уште една теорија, според којашто баклавата, листот и детелинката асоцираат на корупција, богатство, војна и смрт. Од друга страна, срцето како орган е чисто, отворено и не носи ништо вештачко, па оттука само кралот во срце има избричено лице.