Ако влегувате во онаа група на луѓе која гледа филмови за возрасни на својот мобилен телефон, можеби ќе бидете изненадени од веста дека вашата навика не е толку тајна колку мислите.
-Гледањето порно филмови на мобилниот телефон претставува многу поголема закана по безбедноста на корисниците од гледањето порнографија на десктоп компјутери, соопшти технолошката компанија Вандера.
Оттаму велат дека оперативните системи на смартфоните (особено Андроид) се многу помалку безбедни од оперативните системи на компјутерите, со обзир на големиот број ранливости кои сајбер криминалците можат лесно да ги злоупотребат.
Вандера исто така спровела истражување кое докажало дека 40 од 50 најпопуларните порнографски веб страници е почувствуван малвер.
Станува збор за вируси кои можат да се инсталираат на вашиот телефон и да собираат приватни податоци и податоци за корисничките навики, а хакерите потоа тоа можат да го искористат за уцена на сопственикот на мобилниот телефон. Минатата година така излегоа податоци од повеќе 800 илјади корисници на сатот Брејзерс.