Судењето за изборните нерегуларности во Чаир – „Титаник 3“, во кое им се суди на функционери од владејачката ДУИ, по многу одложувања, обвинувања на релација СЈО – суд и закани од адвокатите кон обвинителите, се враќа на почеток, пишува Независен весник
Судечкиот судија Оља Ристова побара, а судот го прифати нејзиното барање за изземање од предметот. Ристова ја погодиле изјавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која фрли сомнеж за постапувањето на судијката и го обвини судот дека со тоа што не воспоставувал ред во судница го охрабрил еден од адвокатите во предметот да им се заканува на обвинителите на СЈО што го водат овој предмет, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
„Судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет, за кој и онака секоја расправа се одвива во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста“, соопштуваат од Основниот суд.
И Кривичниот суд го споделува истото мислење со судијката Ристова и изјавите на СЈО ги разбира како обид за директен притисок врз неа. Судот застанува во одбрана на Ристова и тврдат дека им излегла во пресрет на сите барања на странките, а редот во судницата никогаш не бил доведен во прашање.
Фросина Факова-Серафиновиќ
Повеќе за ова на овој ЛИНК