И конечно да избереме претседател, да ставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, порача премиерот Зоран Заев со што направи гаф во Скопје за време на изборната кампања за шеф на државата.
Премиерот Заев во емисијата „Печат на неделата“ истакна дека се постигнати успеси на меѓународен план, но дека е сега време за докажување на домашен план.
Да не се спремате за меѓународна функција бидејќи меѓународната политика ви оди одлично? Во последните две години особено вчера со средбата на Ципрас која се оценува како успешна етапа во меѓународно позиционирање на Македонија.
„Концептот е за решавање на билатерналните прашања, а со тоа се надоврзуваат и меѓународните односи, а од нив зависи и домашниот амбиент. Драго ми е што има резултати, а успесите се евидентни на меѓународен план. Допрва треба да се докажуваме на домашен план“, рече Заев.
Премиерот средбата со Ципрас ја оцени како историска, но кажа и дека имаме добри односи и со останатите соседи и другите земји.
„Добри сме со сите соседи. Руската федерација го прифати новото име, има сериозен мегдан за соработка. Имаме пријатели околу нас Со Вучиќ имаме коректни односи. Ние сме пријатели со српскиот народ“.
Во однос на вчерашната посета на грчкиот премиер, Заев истакна дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас
„Доцнеше авионот на Ципрас. Прво скративме официјалности. Скративме и двајца министри од наша и нивна страна, со цел квалитативност на самиот настан. Имаше многу важни работи на средбата и меѓувладината седница“.