Средбите со змиите во градските населби кои се блиску до реките, се вообичаена работа во овој период од годината, велат стручњаците.
Веројатноста да ги сретнете во градовите, секако дека постои и тоа особено во областите кои се обраснати со вегетација. Ова е период кога змиите излегуваат од брумација, т.е. период на зимско мирување на змите, период на парење на некои видови на змии.
Можноста постои, но не е така голема, затоа што змиите сепак ги избегнуваат населените места, каде има луѓе: Причина за паника нема, доколку се случи да наидеме на змија, треба само мирно да ја заобиколиме, да си продолжиме со својата работи, по својот пат и да не ги фаќаме.