Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала во 17 и 10 часот го погоди Охрид.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри и на на шест километри западно од Ресен.
Денеска и во 11 часот и 7 минути беше почувствуван земјотрес во Охрид со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Во текот на ноќта во Охридско беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите четири минути по полноќ.
Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.
Вчера во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина од 2.8 степени, на кој му претходеше уште еден со магнитуда од 3.1 степени по Рихтер што се случи во 21.38 часот.
Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.