6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Земјотрес го стресе тлото на Македонија – еве каде најмногу се почувствува

    Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 03 часот и 11 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 150 km југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје, информираат од Сеизмолошка опсерваторија.

    Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

    Епицентарот на земјотресот бил на два километри длабочина на 41 километар североистично од градот Алонг.

    Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.