Секоја жена треба да се почитува самата себе и да биде свесна дека постои тенка граница која не треба да се премине. Дури и кога Ви изгледа безопасен, имајте на ум дека мажите се менуваат со текот на времето и малку по 40-години стануваат љубоморни, поагресивни и подосадни. Затоа сметајте ги овие знаци во секој машки збор некаков притисок кој не смеете да си ги дозволите.
1. Се уште размислувам за поранешната – Првиот нож во срцето, кој ранува длабоко и трајно. Штом сака да се врати таму каде што бил порано, едноставно отвори му ја вратата и дозволи му да си замине. Тој губи, а ти заработуваш достоинство.
2. Зошто не си како неа? – Штом те споредува со друга жена значи дека само си го губиш времето. Кога ќе те загуби ќе сфати дека никоја следна нема да е како тебе. Биди своја по секоја цена.
3. Дали си подготвена за тројка? – Прво тоа покажува дека не може да ти биде верен, второ – дека му очите му гледаат други девојки и трето – штом не си му доволна тогаш веднаш замини си од него!
4. Не ме возбудуваш! – Штом не го возбудуваш тоа значи дека не го привлекуваш физички и тој не сака да има секс со тебе. Вистината боли, но многу повеќе боли да се залажуваме и да чекаш некој да те натера да се чувствуваш како жена. Побарај го оној кој ќе полудува по тебе веднаш штом ќе те види.
5. Сакаш ли да си ги прошириме хоризонтите?! – Тоа се преведува како “млад сум уште да се обврзувам само со една сакам да пробам и со други”. Ова е најевидентниот знак дека веднаш треба да се спакувате и да заминете од него. Тој не само што ќе Ви биде неверен, за неколку години ќе Ве остави за некоја друга.