6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

За чудата на Василиј Острошки: Животот ми се промени откако преспав во манастирот

Православната црква и верниците утре го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец. од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Многу приказни се прочитани и слушнати за чудата на овој ден, денот на Свети Василиј Острошки.

– Но, она што го ги спои верниците од целиот Балкан, но и пошироко се чудата кои секојдневно се случуваат во ова свето место. Додека патуваме накај манастирот слушанав многу приказни за чуда кои се случиле. Многу болни, толку болни што дури и докторите не им даваат повеќе надеж ја повратиле силата откако поминале ноќ под ведро небо во дворот на манастриот посветен на светецот. Речеси скојдневно стотици верници се одлучуваат да спијат во манастирот за здравје, за среќа, за спокој и мир на душата. Во склоп на манастирот има и конаци, но бидејќи тие  се доволни за многубројните верници, повеќете од нив спијат под ведро небо, чувани од чудотворецот Василиј.

Според обичаите, кога некој го посетува манастирот треба со себе да понесе нешто, најчесто оставаат дар машки чорапи и шеќер во коцки. Оној кој милува може да си освети нешто за во домот.  Најчесо се носат маички, пешкири и чорапи.

Стигнавме околу 14.30 часот, и речиси час и половина чекавме да влеземе во малата и стара црква каде се сместени моштите на светецот. Како што е ред, ги оставивме подароците, а со нас го понесовме она што требаше да се освети. Понесовме наши работи, но и работи за болни пријатели, кои ете по нас побараа здравје.  Мир, сонце, тишина, сите мирно чекаа да им дојде редот…а во тие час и половина ни жед ни болка во нозете, само некое спокојство кое ја спојува таа огромна бројка на луѓе дојдени за иста цел.

Црквата е навистина мала, а во неа еден отец кој ако побарате ќе ви прочита и молитва за Вашата мака. Ни рекоа да не се задржуваме многу бидејќи редот на посетители беше навистина долг. Се поклонивме пред моштите на светецот, се помоливме и го допревме тоа што требаше да се освети.

Лица искрени, намачени, Македонци, Срби, Бругари, Руси, дури и француски и англиски слушнав во дворот на манастриот преполн со луѓе дојдени со верба.

Раскажуваат како некој проодел откако неговата мајка секојдневно се молела на светецот, други кажуваат за болни кои станале од постелата, трети пак велат дека чудотворецот им помогнал да станат родители.

Мир и спокојство, чиниш душата ти се смирирува и се спплотува со небесната шир која го опкружува ова свето, ова чудотворно место.

„Животот ми тргна на подобро откако преспав во манастирот“

Една од сопатничките, скопјанката  Билјана отворено ми раскажа вербата во чудата на Василиј Острошки и за нејзинито искуство, за кое таа вели, „ми го промени животот“.

Таа раскажува дека честопати слушала за манастирот, но некако без многу верба игнорирала. Прв пат ја видела турата за посета на Фејсбук, но само одминала. Вториот пат кога повторно ја видела некако се заинтересирала, а веќе по трет пат вели таа, кога се појавила, нешто како да на натерало да тргне. Не можејќи да најде друштво, тргнала сама, решена да преспие.

„Стигнавме и имаше неколку стотици луѓе“, ја почнува таа својата приказна додека се враќаме од манастирот, сите поспокојни. Таа вели дека кога стигнала немало место во конаците, па решила да преспие во дворот, како и многумина други. Вели дека воопшто не била подготвена, ни ќебе, ни перница.

„Оттаму ми дадоа неколку ќебиња и перница, а и душеци за да постелиме. Нормално, никогаш не ми легнала на нешто неперно, а тогаш воопшто не почувствував ни гадење, ни грижа, вооптш не ни помислив колку луѓе ги користеле пред мене“, се потсетува Билјана.  Вели дека си легнала околу 20 часот.

„Толку луѓе на едно место, а толку беше мирно и спокојно“ – вели таа и додева дека највоодушевувачки момент и било кога влегла во одајата со моштите. „Бевме околу пет лица заедно. Молчевме и стоевме. Наеднаш сите во ист миг се свртевме и излеговме, без никој збор да каже. Беше тоа магичен миг, како на прочистување, на препородување“.

Додека раскажува се насмевнува, искрена е и вели дека на сите им кажува за своето посетување на манастирот и вели дека треба самите да ја почувствуваат неговата моќ.  Таа се сеќава дека до неа спиеле мајка и две дечиња, околу три и петгодишна возраст. Се сеќава колку биле тие мирни, послушни и воопшто не биле исплашени што спиеле надвор таа ноќ.

„Се разбудив околу 2 часот по полноќ, а се чувствува како да сум спиела повеќе од десетина часа. Рано утрото ја посетив литургијата и се чувствува толку убаво, смирено“.

Билјана раскажува дека секоја ноќ по неколку стотици луѓе преспиваат во манастирот и во конаците и дека никој никогаш не се пожалил на студ, на болка, на страв.

„Тоа е еден мир и енергија која мора да ги доживееш“ вели таа, која додава дека после преспивањето нејзиниот живот тргнал на подобро.

Додава дека ова и втор пат, и дека ќе го посети манасирот уште еднаш, бидејќи според обичаите, мора да е непарен број на посети.

По нејзина препорака и прекраснот искуство, нејзина пријателка која немала деца преспала во манастирот, и следната година родила детенце.

Чудна е вербата,  уште почудни се искуствата на верниците, но како што велат, за арно е…чудата секојдневно се случуваат, а многуброните реки посетители на овој манастир говорат дека таму чудата се вистински и дека моќта на овој светец е голема.

Она што е интересно, а воедно и уште чудо, е што секоја година му ги менуваат чевлите на светецот бидејќи ѓоновите се излитени. Верниците велат дека тој и ден-денеска шета меѓу народот одговарајќи на молитвите, помагајќи на болните и зајакнувајќи ја верата. Самиот предел околу манастирот и како да се стигне до него е стрмен и опасен, но велат ,тука никогаш не се случила сообраќајна незгода бидејќи светецот го чува овој крај.

Голема е моќта, вербата и чудата, а ако верувате посетете го ова свето место во карпата и самите почувствувајте ја таа моќ, тој мир и спокјство кое ви ја полни душата со нешто преубаво.

Извор: Мотика 

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.