6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    За Роналдо Франција е фаворит, Лорис се надева на среќен крај

    По 50 одиграни натпревари од Европското првенство во фудбал, време е за финалето, кое ќе се одигра во недела во 21 часот на стадионот „Стад д Франс“ во Париз, а во кое за титулата ќе се борат Франција и Португалија.

    ronaldo_loris

    Французите во недела ќе го играат своето трето финале на европските првенства, додека за Португалците ова ќе биде второ финале. Франција досега има стопроцентен учинок – две финалиња, две титули (1984, 2000), додека пак Португалија во своето единствено финале досега доживеа пораз, и тоа на домашен терен во 2004-та година од Грција.

    Франција, пак, до двете европски титули стигна откако во полуфиналињата ја совлада Португалија, а овојпат до третата титула ќе мора да помине повторно преку Португалците, но сега во финалето. Доколку Франција ја освои титулата ќе им се придружи на Шпанија и Германија, рекордери со по три освоени европски титули, а Португалија, пак, со својот првиот европски триумф би станала десетиот европски првак.

    Французите ги предводи Антоан Гризман, водечкиот стрелец на првенството со шест голови, додека на другата страна е вториот најдобар фудбалер на светот, Кристијано Роналдо кој на ова првенство досега веќе сруши два рекорда, а пред него стои уште еден. Роналдо стана фудбалерот со највеќе настапи на европските првенства (20), и прв фудбалер кој е стрелец на четири европски првенства. Доколку постигне погодок и во финалето, тогаш тој ќе стане и најдобар стрелец на европските првенства на сите времиња. Во моментот врвот го дели со Французинот Мишел Платини, односно и двајцата имаат по девет гола.

    „Многу ми значи финалето со Франција. Тоа е нешто што долго го сонував. Сакам да освојам нешто со репрезентацијата бидејќи постигнав се на клупско и индивидуално ниво. Целата земја стои позади нас и верува дека можеме да стигнеме до трофејот“, порача Роналдо. Ѕвездата на португалскиот тим и на кралскиот клуб „Реал Мадрид“ смета дека Франција е фаворит во пресрет на финалето. „Меѓутоа и ние бевме фаворити во 2004-та година против Грција, па знаете како заврши. Верувам во нашата победа“, рекол Роналдо.

    Капитенот на Франција и голман на тимот, Хуго Лорис, пак, со оптимистички најави во пресрет на финалето. „Досега ова беше убава приказна, а се надевам дека ќе биде уште поубава ако има среќен крај. Не е се совршено, можеме да играме уште подобро и се надевам дека тоа ќе биде токму во финалето“, изјавил Лорис.

    Францускиот селектор Дидие Дешамп како играч го освои Светското (1998) и Европското првенство (2000), а сега до европската круна може да дојде и како тренер. „Дешамп е архитектот на овој тим. Тој ја врати вербата во играчите и покрај сите проблеми кои ги имавме. Ни донесе смиреност и квалитетна работа. Тој никогаш не се откажува и го врати францускиот фудбал на вистинскиот пат“, додал голманот на „Триколорите“.

    „Пред мене е најважниот натпревар во тренерската кариера. Притисокот е страшен но сите ние живееме за овој момент. Единствено мо е жал што не можам да играм, на теренот е сепак полесно“, рекол Дешамп.

    Францускиот стратег нема проблеми со селекцијата на тимот за финалето, додека пак важна вест за Португалија е враќањето на дефанзивецот Пепе, кој го одработи последниот тренинг и ќе се врати во составот.

    „За францускиот медиуми победникот е веќе познат, ние изгубивме. Но би можеле да се изненадат. Нема поголемо задоволство од тоа да се бориш за својата земја на едно вакво големо натпреварување“, рекол португалскиот селектор Фернандо Сантош.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.