6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    За малку застрелана британската кралица Елизабета Втора

    Британската кралица Елизабета Втора за малку ќе била застрелана од нејзиниот личен телохранител, додека талкала по Бакингемската палата ноќе страдајќи од несоница, пишува лондонски The Times.

    За овој инцидент раскажал поранешниот телохранител. Еднаш, доцна ноќта околу 3 часот, тој бил ангажиран за обезбедување на внатрешноста на Бакингемската палата, кога во темнината забележа фигура. Повикал „Кој е тоа?“, а на негово големо изненадување се покажало дека силуетата е кралицата Елизабета Втора.

    „По ѓаволите, Ваше Височество, јас за малку не ве застрелав“, го цитира весникот телохранителот. Појаснува дека 90-годишната кралица понекогаш има проблеми со несоница и прави ноќни прошетки низ дворецот.

    Додава дека тонот со кој се обратил не соодветствувал за обраќање кон монарх, но оти кралицата ја преземала врз себе одговорноста затоа што го ставила во таква непријатна ситуација.

    „Сé е во ред. Следниот пат однапред ќе во се јавам, и не ќе мора да пукате во мене“, одговорила британската кралица, пишува Times кој ги објавува сеќавањата на поранешниот припадник на Кралската гарда.

    Не е наведено кога всушност се случил инцидентот. Според пишувањето на весникот, кралицата била облечена во наметка и имала намера малку да прошета.

    Весникот потсетува и дека во 2013 година и принцот Ендрју, исто така, додека вечер се шетал низ големите градини на Бакингемската палата, од страна гардисти бил сметан за натрапник. Тогаш беше објавено дека внатрешното обезбедување не било вооружено, но испрати извинување до принцот, потсетувајќи дека палатата била цел на повеќе безбедносни нарушувања изминатите години

    Инциденти поврзани со обиди за уфрлување на територијата на Бакингемската палата има неколкупати годишно. Во август 2016 година, полицијата го уапси со нож вооружениот 22-годишен студент од Кина, Хан Џан, во обидот да влезе во дворецот. При апсењето тој тврдел дека имал намера да ја убие кралицата.

    Во јуни, неколку дена пред официјалното одбележување на роденденот на Елизабета Втора, наспроти Бакингемската палата е уапсен фанатик вооружен со три ножа кој во медиумите беше идентификуван како Џон Болтон. Во мај 41-годишниот Денис Хенеси, претходно осуден за убиство, упаднал на територијата на палатата и десет минути шетал низ неа пред да им пријде на гардистите за да праша „Дали кралицата е дома?“. Бакингемската палата тогаш потврди дека кралицата, принцот Филип и принцот Ендрју биле во тоа време во палатата.

    Елизабета Втора стапува на британскиот трон во 1952 година на 25-годишна возраст. Во септември 2016 година таа ја надмина кралицата Викторија според времето минато на престолот, кој дотогаш изнесуваше 23.226 дена, 16 часови и 23 минути, станувајќи најдолговечниот монарх во историјата на Велика Британија. На 21-ви април 2017 година британската кралица ќе наполни 91 година.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.