6 C
Skopje
среда, март 19, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

За идните младенци: Ова е традицијата на вереничкиот прстен

Вереничкиот прстен претставува прв чекор кон заеднички живот и брак. Тој е доказ за љубовта, верноста, посветеноста и е симбол на вечноста.

Сепак традицијата за носење на веренички прстен, како и симболиката, се разликуваат од држава до држава и од континент до континент.

Оваа традиција успеала да опстои и до ден денес, а она што ние ви го прикажуваме се необичните и фасцинантни обичаи кои се поврзани со овие прстени:

– Младите во Русија, Германија, Индија и Норвешка го носат прстенот на десната наместо на левата рака.

– Во Чиле и мажите исто така носат веренички прстен. И тој се носи на десната рака, но кога ќе се ожени, мажот го преместува прстенот на левата рака.

– Во Аргентина паровите разменуваат прстени точно на денот на венчавката.

– Во Хинду културата жените носат прстен на ногата.

– Кај староседелците во Северна Америка девојките носеле сребрен веренички прстен направен од природни материјали и корали во црвена боја.

– Во Франција,според традицијата, прстенот треба да биде скап и опкружен со дијаманти.

– Во модерна Кина веридбата не може да помине без прстени, додека во некои делови на оваа земја наместо прстени се разменуваат пари.

– Во Кенија жените носат украси и накит околу вратот што укажува дека таа жена е веќе ветена на некого.

– Во Србија во текот на церемонијата на венчавање невестата го вади вереничкиот прстен и му го дава на кумот или деверушите за да го чуваат. Младоженецот ѝ ја става бурмата и тоа е симбол дека завршил периодот кога биле вереници и дека сега стапуваат во брачен живот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.