6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Затворска казна за сопственик кој сакал на провокативен начин да ја зголеми посетеноста на своето кафуле

    Сопственикот на кафулето „Нина Кофи Шоп“ во Чанбури, Тајланд, може да заврши зад решетки поради објавување на фотографии од келнерки кои на себе носат само престилки.

    Поставувањето на фотографии и видео снимки од разголени келнерки на Фејсбук, на Празонг Сукорна може да му донесе казна до пет години затвор или парична казна од 3.168 долари.

    Причината е прекршување на тајландскиот закон во врска со објавување на фотографии на социјалните мрежи. Педесетгодишниот сопственик вели дека немал намера да повреди некој, туку само да го рекламира своето кафуле. Тој додава дека дошол до оваа идеја кога една манекенка му понудила помош за развој на бизнисот во замена за бесплатно кафе.

    „Сопственикот се пожали дека никој не му доаѓа во кафулето затоа што е лоцирано далеку од центарот на градот, па затоа му понудив помош“, рекла 22-годишната манекенка идентификувана како Ариса Сонуванг.

    Сепак, полицијата вели дека сопственикот веќе го прекршил законот, а отстранувањето на фотографиите нема да помогне.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.