Кинеските власти затворија институт што подучувал жени да бидат послушни и подредени на мажите. Бирото за образование соопшти дека институтот, кој тврдел дека предавал традиционални вредности, ги прекршил социјалистичките основни вредности. Кина забележа пораст на слични институти во последните години.
Онлајн-видеото прикажа предавачи што зборуваат против родовата еднаквост, како и ги советуваат жените да не возвраќаат кога ќе бидат тепани. Видеото покажува дека наставниците во Факултетот за традиционална култура ги учеле жените дека не треба да се обидуваат да имаат кариера, туку да останат на дното.
Ги повикуваат жените безусловно да ги почитуваат своите татковци, сопрузи и синови. Тие исто така ги подучувале жените никогаш да не се разведуваат и да немаат секс со повеќе од тројца мажи бидејќи, во спротивно, спермата станувала отровна и можела да ги убие.