6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Заразени работници не го почитувале карантинот и продолжиле да одат на работа: Заразиле 158 лица!

    Четворица работници во центар за дистрибуција на пратки во близина на Виена не го почитувале карантинот и продолжиле да работат иако биле заразени со коронавирусот, па така заразиле уште 158 лица, пренесуваат австриските медиуми.

    „Сега знаеме како коронавирусот влегол во центрите за дистрибуција на пратки“, изјавил неименуван извор од надлежна здравствена установа за австрискиот дневен весник „Естерајх“.

    Тој извор открил дека четири лица кои во Виена биле позитивно тестирани на коронавирусот, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да разнесуваат пратки од центарот во Хагенбрун.

    Досега во Австрија биле регистрирани вкупно 40 илјади контролни посети на пациенти кои се наоѓале во домашен карантин, од кои 26 илјади само во покраината Тирол, а кога станува збор за Виена, немало ниту една проверка на карантин со помош на полицијата.

    Непочитувањето на карантинот во оваа земја се третира како свесно загрозување на луѓето и е предвидена затворска казна до три година.

    Виенската полиција деновиве добила налог да провери дали повеќе баратели на азил ја игнорирале одлуката за карантин.

    Извор: tocka.com.mk

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.