Високите пролетни температури, зголемениот ден и цветните мириси привлекоа голем број граѓани да излезат во природа.
-„Крлежите се преносници на опасни болести, а тие болести во краен случај може да имаат опасни последици.“- изјави епидемиологот и дерматолог Весна Ламер.
Во првата фаза менингоенцефалитисот се појавува како грип, а може да премине и во друга фаза, која вклучува температура и главоболка. Постои можност да го зафати и нервниот систем, односно да предизвика воспаление на мозокот, кое е пропратено со главоболка, мачнина, па дури и вкочанетост.
Лајмската борелиоза е инфекција предизвикана од каснување на крлеж. Се јавува црвенило на кожата, кое потоа се шири и достигнува до 5 сантиметри.
За да се заштитите кога одите во природа, пожелно е да носите долги панталони и чизми, но и да користите спреј против инсекти и крлежи. По престој во природа, треба добро да се изсчисти и прегледа кожата. Ако се воочи крлеж, извадете го во рок од 24 часа, бидејќи може да биде опасно и да прошири зараза.