6 C
Skopje
недела, декември 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев со интересна изјава: Тие тројца на „М“ ни се големи пријатели и летово ќе започнеме преговори со ЕУ

Сакам да знаете, тие тројцата на „М“, што не е „мерцедесот“ на Груeвски, не е ни нашата Македонија, Меркел, Макрон и Могерини тие се големи пријатели на нашата земја, порача лидерот на СДСМ вечерва од митингот во Куманово.

– И тоа како добиваме почеток на преговори, и тоа како отвораме поглавја, стојат позад нас оти заслуживме, оти оддржавме европска лекција, оти не калкулираме политички- рече Заев.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва имаше средба со жители на скопската населба Илинден, пред кои истакна дека во Берлин се сретнал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Макрон и оти ова лето земјава ќе добие датум за преговори со ЕУ.

– Доаѓам од Берлин, по средбите со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, имаме големи пријатели во Европа, не само што оваа година ќе бидеме дел од НАТО, туку ова лето нашата земја ќе почне преговори и со ЕУ. Да продолжиме по вистинскиот пат. Да ја дигнеме и гордоста на Илинден, и овде да се слави победата, како во целата земја, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.