Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, утре (26 јануари) во големата сала на општина Велес на трибина ќе дебатираат со граѓани и претставници на компаниите за економските перспективи на земјава.
Трибината е дел од серијата активности што ги почнува Владата, под називот „Силна економија – шанса за сите“, преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики, како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ.
Од владината прес-служба информираат дека трибините „Силна економија – шанса за сите“ ќе бидат отворени за учество на сите заинтересирани граѓани.