Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп повика на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните.
Само така, посочи, ќе ја средуваме државата и никако поинаку.
– Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна, додаде Заев.
Прочитај повеќе: Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски не чувствува никаква одговорност затоа што Антикорупциската комисија откри дека при вработување во државни институции на тројца негови блиски роднини било извршено влијание – сестрата, бабата и дедото, објави ИРЛ.
На прашањето дали планира да понесе одговорност, тој ги негира овие наоди и вели дека информацијата е погрешна.
„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо ни одговори Кирацовски преку смс порака.
Прочитајте повеќе на Фокус