На Европското првенство за кошаркарки кое се одржува во Чешка, заврши првата фаза, по која се познати, екипите кои ќе играат во осминафиналето и четири селекции кои изборија директен пласман во четвртфиналето.
Победниците во групите Франција, Турција, Белгија и Шпанија ќе го прескокнат осминафиналето и ќе продолжат со натпреварите од четвртфиналната фаза, додека пак четирите репрезентации кои беа на последното место во групите (Чешка, Белорусија, Словенија, Црна Гора) го завршија настапот на шампионатот.
Резултати, 3.коло:
А група: Унгарија – Украина 72:84 и Чешка – Шпанија 67:63
Табела: Шпанија 5 бодови, Украина 5, Унгарија 4, Чешка 4
Б група: Белорусија – Турција 74:88 и Словачка – Италија 61:68
Табела: Турција 6, Италија 5, Словачка 4, Белорусија 3
Ц група: Србија – Словенија 88:69 и Франција – Грција 70:63
Табела: Франција 6, Грција 4, Србија 4, Словенија 4
Д група: Летонија – Белгија 58:62 и Црна Гора – Русија 54:78
Табела: Белгија 6, Русија 5, Летонија 4, Црна Гора 3
Осминафинални двојки, вторник (20.јуни):
Србија – Летонија
Италија – Унгарија
Русија – Грција
Украина – Словачка