6 C
Skopje
вторник, септември 26, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Заврши договорот со ОКТА: Бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата

    Од вторник бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата. Старата методологија на пресметка истекува денеска со завршувањето на купопродажниот договор со Окта, пишува Skopjeinfo.mk

    Но новата регулатива по која во идина тие ќе треба да се пресемтуваат сеуште не е донесена затоа што измените во законот за енерегтика со кој  таа треба да стапи на сила не се потпишани од претседателот на државата. Од регулаторна велат иако во следните денови измените може да добијат потпис,  додека да стапи на сила новата методологија   се јавува простор од неколку дена кој од  РКЕ се надеваат дека трговците нема да го искрористат и  да ги зголемат цените на горивата.

    Новата методологија е речиси целосно готова. Извесно е дека со  новата регулатива во цената на горивата ќе се пресемтуваат повисоки трошоци за обезбедување поголеми количини нафтени деривати, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за транспорт и складирање на резервите.  Но сеуште се преговара околу  маржата. Трговците побараа од регулаторна таа наместо сегашните 3,2 да изнесува 6 денари. Од регулаторна уверуваат дека новата пресемтка нема да предизвика ценовен шок кај горивата.

    Новина во слендиот период е и тоа што  наместо на две недели регулаторна цената на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.