Поради снежното невреме, забрана за тешки товарни возила е воведена на неколку патни правци. Како што информираат од АМСМ, забрана за камиони вечерва е воведена на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Дебар-Струга и на патниот правец Велес-Катланово.