Француското антивладино движење „жолти елеци“ ќе предложи свои кандидати на престојните избори за Европскиот парламент, соопштија од движењето.
„Граѓанското движење покажа потреба својот гнев да го трансформира во политичко движење, способно да им пружи одговори на француските граѓани кои го поддржуваат“, се наведува во соопштението на движењето „жолти елеци“ кое го пренесе „Ројтерс“.
Ова движење, кое до сега немаше раководечка структура, би можело да освои 13 отсто од гласовите на изборите за ЕП во мај, покажува истражувањето спроведено од фирмата „Елаб“ за телевизијата БФМ и е на трето место, зад партијата на претседателот Емануел Макрон.