Бразилската манекенка Жизел Биндшен и натаму е на врвот од листата најдобро платени светски супермодели со годишна заработка од 30,5 милиони долари, објави магазинот Forbes.
Сега 35-годишната Жизел Биндшен заработила повеќе од кој и да е друг супермодел од 2002 година наваму и продолжува со истото темпо благодарејќи на високите договори со „Chanel“, „Pantene“ и „Carolinа Herrerа“.
Со големо заостанување и заработка од 10,5 милиони долари ја следи нејзината сонародничка Адријана Лима. Долгогодишната манекенка на „Victoria’s Secret“ сега работи со „Maybelline“ и ги рекламира луксузните часовници од брендот IWC.
Третото место го делат Американките Кендал Џенер и Карли Клос со по 10 милиони долари. За нив се истакнува дека двојно ја зголемиле заработката во однос на претходната година.
На петтото место, воедно и првпат на листата од 20-те најплатени модели во светот, е Американката Џиџи Хадид која има вредни договори со „Maybelline“ и „Tommy Hilfiger“, а којашто како и Британката Рози Хантингтон-Вајтели заработиле по околу 9 милини долари.
Заедно, 20-те најплатени светски модели заработиле вкупно 154 милиони долари во периодот меѓу 1-ви јуни 2015 и 1-ви јуни 2016 година, пред плаќањето на даноците и наметите, пишува Forbes.