Еден од најпознатите пејачи на овие простори, Жељко Јоксимовиќ, постигна завиден успех на Евровизија, но сега е суров кога станува збор за неговото повторно учество.
Имено, Жељко отсечно одговори дека веќе не сака да пее на Евросонг и постои причина за тоа.
„Никогаш повеќе како изведувач, па тоа е наместено, нели?, изјави пејачот за „Мондо“.
Јоксимовиќ со песната „Лане мое“ го освои второто место во 2004 година во Истанбул, а во 2012 година во Азербејџан со песната „Није љубав ствар“ го освои третото место на Евровизија.
Текстот Жељко Јоксимовиќ никогаш повеќе на Евровизија е превземен од МАКФАКС.