Шенон Луш од Австралија е експерт за домашни работи и сите домаќинки едвај ги чекаат нејзините совети.
Сега, во разговор со Newscorp рекла дека кај жените е популарно верувањето дека колку повеќе детергент ќе стават во машината толку ќе е почиста облеката.
Но, тоа воопшто не е точно.
Додала дека луѓето често поради „премногу испраните“ пешкири добиваат осип или иритација на кожата. Причината е едноставна. Вишокот сапун се лепи за ткаенината и со сушење се загрева.
Затоа пешкирите од сушница излегуваат меки и убави, а веќе следниот ден го добиваат својот класичен, груб облик.
Луш советува дека од при употреба на детергент треба да се водите по девизата – помалку е повеќе.
Во машината за алишта од предната страна доволно е да ставиме осмина од препорачаната количина детергент или течност. Оние кои се полнат одозгора бараат четвртина иста количина.
Ако ве интересира како да го скратите времето со сушење на алиштата, ова е нејзиниот совет. Ставете сув пешкир во машината.
Таа тврди дека мокрите алишта ќе се исушат три пати побрзо.
Исто така, таа верува дека омекнувачите на алишта не делуваат.
-Основата на омекнувачите е масло кое се лепи за облеката при перење. Подобро ставете оцет наместо омекнувач. Верувајте ми дека нема да имаат мирис на крајот – порачала.