6 C
Skopje
вторник, септември 26, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Жената која мислела дека е во менопауза се породила по 24 часа откако дознала дека е бремена

    Моника Томпсон (46) од Лас Вегас верувала дека не може да остане бремена откако со нејзиниот покоен сопруг се обидувала да добие дете 16 години. Моника цело време мислела дека е во менопауза, а по 24 часа откако открила дека е бремена таа се породила.

    Верувала дека не може да има деца бидејќи со нејзиниот покоен сопруг Кевин кој починал во 2016-та година, 16 години се обидувала да го прошири семејството.

    Била во шок кога наодите за крв покажале дека е бремена, а по 24 часа го родила малиот Џејден.

    Сегашниот партнер Џејсон Ратлиф го запознала во 2017-та година кога се помирила со фактот дека не може да стане мајка.

    „Покојниот сопруг и јас се обидувавме да добиеме дете со години. Не бевме во финансиска ситуација да си дозволиме вештачко оплодување така што во моите четириесетти години се помирив дека нема да бидам мајка. Кога Кевин почина идејата за семејство целосно ја исфрлив од перспектива. Џејсон го запознав преку апликација и веднаш се поврзавме. Набрзо почнавме да живееме заедно, но не го отворивме прашањето за бременост“ – раскажала Моника.

    Симтоми на бременост Моника ги поврзала со менопауза затоа што местроацијата и била поретка.

    Неколку месеци подоцна почнала да чувствува мачнини и грчеви кога одлучила да посети доктор, а тестот на крвта открил дека е бремена.

    Била шокирана и не верувала во овие вести затоа што била убедена дека не може да има деца.

    Тогаш докторите откриле дека е бремена шести месец. Утредента Моника на работа почнала да крвари и итно била однесена во болница, била отворена пет прсти и породувањето започнало.

    Поради пукнат водењак морала да оди на итен царски рез.

    Џејден откако се родил тежел 1.5 килограми. Роден е во 30-та недела од бременоста и веднаш завршил на неонаталогија откаде излегол како здраво бебе.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.