6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЕУРО 2016: Русија остана без Денисов

Играчот од средниот ред на фудбалската репрезентација на Русија, Игор Денисов (32), поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Франција.

euro2016

Искусниот фудбалер на пријателскиот меч со репрезентацијата на Србија, кој се одигра во неделата во Монте Карло (1-1), го повреди бутниот мускул.

„Ќе мора да повикаме друг фудбалер, Денисов е потешко повреден. Веќе сме во контакт со играч кој треба да игра на неговата позиција“, рекол рускиот селектор Леонид Слутски.

Денисов е фудбалер на Динамо Москва, за репрезентацијата настапува од 2008 година и има одиграно 52 натпревари.

Русија на Европското првенство, кое в петок ќе започне во Франција, се наоѓа во Групата Б заедно со Англија, Словачка и Велс.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.