6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЕУРО 2016: Едер херој, Португалија шампион (видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои титулата на 15-то Европско првенство, кое заврши во неделата. Португалија во финалето ја победи Франција со голот на Едер постигнат во 109-та минута од натпреварот. Португалците, во своето второ финале на ЕП-а, ја освоија првата титула, додека Французите пропуштија да ја освојат третата титула, втора на домашен терен.

portugalija_eder

Потугалија по четири децении успеа да слави над Франција, на големите натпреварувања, а победата за избраниците на Фернандо Сантош е уште поголема бидејќи е забележана без Крстијано Роналдо, кој поради повреда мечот го заврши во 24-та минута.

Роналдо, кој не блескаше на ова ЕП, по клупската титула со Реал успеа да ја покори Европа и со националниот тим.

Интересно, Португалија стигна до титулата, иако во 90 минути забележа само една победа, над Велс во полуфиналето. Во групата со Унгарија, Австрија и Исланд три пати ремизираше, во осминафиналето по продолженијата ја победи Хрватска, а во четвртфиналето пеналите решаваа против Полска.

Натпреварот, во регларниот дел имаше очекуван тек, Франција ја контролираше играта, го имаше поседот на топката, а Португалија не отстапи од дефанзивната варијанта, со двоен блок пред својот гол.

Франција пропушти да го реши победникот во 90 минути и поради тоа беше сурово казнета.

Гризман ја имаше првата шанса во 10-та минута, но неговиотобид со глава од голот го извади Руи Патрисио. Во 24-та минута Роналдо го напушти теренот поради повреда на коленото.

Пополовона час игра Сисоко  упати силен удар но Патрисо одново интервенираше.

Во вторто полувреме Гризман во 66-та минута од идеална позиција биеше лошо со глава.

Жиру имаше можност во 75-та минута, но португалскиот голман одново добро интервенираше.

Шансата на мечот за Франција ја имаше Жињак во 92-та минута, тој успеа да се ослободи од Пепе, Патрисио беше совладан но топката го погоди дирекот и се одби во поле.

Во продолженијата Португалците имаа подобри шанси. Едер по корнерот на Кварежма со глава шутирше во Љорис, потоа Рафаел Гереиро во 108-та минута ја, од слободен удар ја погоди гредата.

Шансатана левиот бек на Португалија го најави голотна Едер една минута подоцна. Напаѓачот на Португалија речиси непречен од никого од 25 метри упати удар по земја кој заврши зад грбот на Љорис.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.