Фудбалерите на Велс продолжија да пишуваат историја на Европското првенство во Франција, откако преку Северна Ирска изборија пласман во четвртфиналето. Генерацијата која ја предводи Крис Колман славеше со 1-0 и го израмни најдобриот резултат во историјата на оваа земја. Во 1958 година Велс играше четвртфинале на СП.
Дебитантите на ЕП-а, Велс и Северна Ирска, одиграа приспивен натпревар, кој го реши трагичарот Герет Меколи во 75-та минута кога ја погоди сопствената мрежа.
Централниот дефанзивец на Северна Ирска во 75-та минута, по центаршутот на Бејл, се обиде да стигна до топката пред Робсон-Кану, но наместо да исфрли ја погоди сопствената мрежа.
Велс во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Белгија и Унгарија.
https://www.youtube.com/watch?v=PSPROLcUHBg