6 C
Skopje
четврток, јули 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Емотивен текст за сите родители: За сè постои последен пат, а вие никогаш нема да бидете исти

    Нема поемотивни моменти од оние кои заедно ги минуваат децата со своите родители. Но, родителите стареат и децата растат, па времето минува премногу брзо.

    Толку брзо што не сме свесни дека некои работи во даден момент ги правиме за последен пат.

    Овој прекрасен текст на прв поглед е тажен, но е толку реален што секој родител ќе се пронајде во него.

    „Во моментот кога ќе го земете вашето бебе во рацете, веќе никогаш нема да бидете исти.
    Можеби ќе ја посакувате личноста која бевте порано, кога имавте слобода и време и ништо посебно за што треба да се грижите.

    Ќе го запознаете уморот како никогаш претходно и деновите постојано ќе ви бидат исти, исполнети со хранење и подригнување, плачење и борење, дремки и недостаток на сон.

    Ќе ви изгледа како да сте влегле во круг без излез. Но, не заборавајте… За сè постои последен пат.

    Ќе има периоди кога ќе го храните бебето, за последен пат. Тоа ќе заспие во вас после долг ден и тоа ќе биде последен пат кога ќе го држите во раце заспаното дете.

    Еден ден ќе го носите на колковите, па ќе го научите да седи и веќе нема пак да го кренете како порано.

    Една вечер ќе му ја миете косата во бањата, а веќе следната ќе посака да се бања само. Ќе ви ја држи раката за да помине преку улица, а потоа никогаш веќе нема да ја побара.

    Ќе ви се прикраде во собата за да се гали во текот на ноќта и некогаш тоа ќе биде последна ноќ да ве разбуди од оваа причина.

    Едно попладне ќе пеете детски песни заедно и ќе си играте, а потоа никогаш повеќе нема да ги пеете тие песни.

    Ќе го бакнете пред училиште за да има убав ден, а следниот ден ќе побара да оди само до училиште.
    Некогаш, за последен пат ќе му читате приказна за добра ноќ.

    Некој ден, ќе трча кон вас со кренати раце за последен пат.

    Работата е во тоа што, нема ни да знаете кога е последен пат, Сѐ до моментот кога веќе нема да се случува тоа, па дури и тогаш, Ќе ви биде потребно време за да сфатите.

    Па затоа, додека ги доживувате овие моменти и додека се повторуваат, Запомнете дека се многу малку и дека кога ќе ги нема, ќе копнеете за само уште еден ден, За последен пат“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.