Европската комисија се дистанцира од коментарите на еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, во кои тој наведе дека преспанскиот договор не е балансиран и затоа е проблематичен, пренесува грчката агенција АНА-МПА.
Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, посочи дека официјалниот став на Комисијата за преспанскиот договор беше објавен од страна на претседателот Жан-Клод Јункер, Федерика Могерини и од Јоханес Хан нагласувајќи дека одлуките за тоа биле едногласно усвоени на средбите на комесарите.