Експлозија и пукање се слушна околу хотелскиот комплекс во Најроби, главниот град на Кенија.
Телевизиските снимки покажуваат чад над хотелските згради.
Photos circulating of apparent attack in #Nairobi #Kenya pic.twitter.com/kM3P2Hfgeq
— Erica Marsh (@EricaMa16) January 15, 2019
„Нападнати сме, слушаме пукање“, рече неименувана личност која се наоѓа во еден од хотелите за агенцијата „Ројтерс“.
Пожарникарите и полицијата пристигнаа на местото на настанот, објави „Би-би-си“.