6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Езеро што со векови му пркоси на човекот

    На прв поглед езерото Асал во африканската држава Џибути изгледа како кристално чиста морска површина со плажи со бел песок. Поради тоа, во очите на турисите лесно се создаваат сопоредби со плажите на Карипските Острови. Но, она што на прв поглед изгледа како бел песок, всушност, е – сол.

    Дури и доколку сакате да замислите бел песок под своите нозе, кристализираната сол набргу ќе направи да се чувствувате непријатно. Како што се приближувате до работ на езерото, силниот ветер ја носи солта во ваша насока, па набргу може да се почувствува печење во очите. Иако влегувањето во водата најпрвин е фантастично чувство, таа е топла и плитка, сепак пливањето во солена вода е многу чудно. Таа почнува да ја иритира кожата, особено кога солта ќе почне да се суши под жешкото сонце.

    Езерото Асал се наоѓа на 155 метри под морското ниво и е најниската точка во Африка, а трета најниска во светот по Мртвото Море (-423 m) и Галилејското Езеро (-214 m). Во него се слева морска вода од пет километри долгите геотермални извори на североисток.

    Концентрацијата на сол е дури 34,8 отсто, што е десет пати посолено од морската вода, па ова езеро е второто најсолено на Земјата по Дон Жуан на Антарктикот, каде што соленоста е повисока од 47 проценти.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.