Шпионирањето на мобилниот телефон на партнерот најчесто се случува од радозналост. При проверувањето на мобилниот телефон на партнерот, 71% од жените нашле доказ дека тој ги изневерува, а истото го потврдуваат и 50% од мажите.

Еден од пет мажи редовно го проверува мобилниот телефон на својата партнерка, ги чита SMS пораките и разгледува фотографии. Ова го покажуваат резултатите од студија на холандската компанија Avast, спроведена на 13132 луѓе. Истото тоа го прават и 1/4 од жените.

Двата пола најчесто го прават сето ова од радозналост, но 12% од нив настојуваат да го фатат партнерот во лага. Со проверувањето на мобилниот телефон 71% од жените нашле докази дека партнерот ги изневерува или лаже. Недостатокот на доверба се гледа и во фактот што половина од оние кои шпионираат веруваат дека истото тоа го прави и нивниот партнер.

Иако луѓето мислат дека оние кои шпионираат се параноични, сепак за жал во голем број случаи се покажуваат како оправдани.