Во светот во кој трендовите ги диктираат познатит личности и Фотошопот, една мајка од Бруклин одлучила да преземе драстичен потег.
Фиби Бејкер одлучила да ја исфрли шминката од секојдневната употреба, да ја ишиша косата и да престане да се депилира. Исто така таа одлучила и да се откаже од шопинг една година. Напоменала дека во донесувањето на оваа одлука била во недоумица: „Сепак, чувствував дека треба да најдам начин добро да се чувствувам. Бидејќи ништо што ставав на лицето и телото не ми ја зголемуваше самодовербата“.
За својата преобразна напишала книга „The Beauty Experiment“ во кој детално објаснува од се она што се откажала: маскара, лак за коса, сјај за усни, пудра…
Сопругот цело време ја поддржувал, но воделе некоку интересни дебати околу депилирањето.
Откако експериментот завршил, таа повторно почнала да користи гроздова маст за усните и хидратантна крема.
Фиби не смета дека сите жени би требало да престанат да носат шминка, но признава дека најмногу и недостасувал коректорот за подочници.
„Ова сум јас и ако на некого тоа не му е доволно, можеби не сум јас таа која има проблем“, додала Фиби.
Од позитивната страна, за година дена заштедила над 1.000 долари.