6 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ЕВРО2016: Русите во стапицата на Словацитe

    Во мечот од второто коло во Групата Б на европскиот фудбалски шампионат во средата во Лил, Словачка ја совлада Русија со 2-1, со головите на Валдимир Вајс во 32 и Марек Хамшик во 45 минута, додека стрелец за руската селекција беше Дениск Глушаков ов 80 минута.

    slovacka_rusija

    Во првите половина час од играта Словачка не упати ниту еден удар во рамките на рускиот гол, а првиот обид веднаш заврши во мрежата на Игор Акинфеев, Во 32 минута најдобриот словачки фудбалер Марек Хамшик по левата страна го полсужи Владимир Вајс, и додека руските одбранбени играчи си ја дотеруваа опремата, Вајс со лесна финта изби сам пред двајцата руски бекови и лесно поентираше за 1-0.

    По водството на Словаците уште повеќе се зголеми руската доминација во поседот на топката, но тоа беше јалова иницијатива. Охрабрениот противник во секој противнапад се закануваа. На самиот крај од првиот дел, по кусото додавање од корнер од Вајс, сега Хамшик од 15-ина метри ја погоди мрежата на Акинфеев.

    Рускиот селектор Леонид Слуцки и по мечот не веруваше колку наивни излегоа неговите играчи во првото полувреме, овозможувајќи им на Словаците со само дава удара кон голот да создадат предност од два гола.

    Во второто полувреме Русија тргна со две измени, наместо Головин и Нојштадер во игра влегоа Мамаев и Глушаков. Но и натаму Русите играа пребавно што им овозможуваше на Словаците лесно да се бранат.

    Првата посериозна ситуација руските играчи ја направија во 66 минута, откако по нафрлувањето од Смолников шутираше Смолов, но Јан Дурица навреме го блокираше неговиот удар. Во 80 минута Русија сепак постигна гол, откако Шатов мина крај корнер линијата и потоа уфрли за Денис Глушаков кој со глава ја погоди противничката мрежа.

    Голот ги разбуди руските надежи дека може да освојат бод, како против Англија во судиското продолжување, но тоа не се оствари иако во 86 минута Смолов можеше да реагира подобро м

    Словачка и Велс, кои играа меѓусебно во првото коло (2-1 за Велс) имаат по три бода, додека Англија и Русија по еден, со што Гордиот Албион во четврто во вториот меч од колото во групата ќе игра со Велс.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.