6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ЕВРО2016: Росицки поради повреда гo заврши шампионатот

    Капитенот на чешката фудбалска репрезентација, 35-годишниот Томаш Росицки, ќе го пропушти продолжението од европскиот шампионат, поради повреда на бутниот мускул која ја здоби во завршницата на дуелот од второто коло од Групата Д, против Хрватска (2-2), во петокот во Сен-Етјен.

    rosicki_ceska

    По прегледите во болницата во Тур во саботата, лекарот на чешката репрезентацијата Петр Крејчи изјави дека очекува дека Росицки ќе отсуствува од терените меѓу три и шест седмици.

    „Почувствува дека треба дополнително да се вложам во завршницата за да освоиме три бода, но бедејќи останав без сила тоа го платив со повреда“, изјави Росицки додавајќи дека ќе остане во Франција за да ги бодри соиграчите во мечот против Турција, кога со евентуална победа Чешка ќе го обезбеди осминафиналето.

    Поради повреди оваа година Росицки за Арсенал одигра само за 15 минути, па затоа лондонските „топчии“ да не му го продолжи договорот, па искусниот играч од срдината на теренот моментално е без клуб.

    Росицки за чешката селекција одиграл 105 натпревари и постигнал 23 голови.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.