6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЕВРО2016: Италија подобра и од Шведска

Откако во првото коло од европскиот фудбалски шампионат во Франција италијанската селекција ја совлада фаворизираната репрезентација на Белгија, во второто коло од Групата Е „азурите“ во петокот во Тулуз ја совлада и Шведска, а победничкиот гол го постигна Едер во 88 минута.

italija svedska

Со оваа победа Италија практично си го осигури пласманот во осминафиналето, додека Шведска за тоа ќе мора да ја совлада Белгија во последното коло од фазата по групи.

Италија и Шведска го одиграа веројатно најсиромашниот и најздодевен натпревар во досегашниот тек од турнирот. По победата над Белгија, Италијанците во мечот влегоа со јасни намери да останат непоразени, односно дека се задоволни и со бод, имајќи предвид дека во следното коло ги чека дуелот со аутсајдерот Ирска. Но за Шведска, по бледото издание со Ирците и освоениот само, поточно спасениот, еден бод, победата мораше да биде императив. Шведските фудбалери и се однесуваа така, особено во првото полувреме, покажувајќи поголеми амбиции да постигнат гол, но против Италијанците до израз дојде нивната инфериорност во технички и тактички квалитет.

Колку Шведска беше немоќна, покажува и статистичкиот податок дека во текот на сите 90 минути нејзините фудбалери немаа ниеден удар во противничкиот гол, а само три кои завршија надвор од голот. Италија, пак, дури во финишот од мечот заигра малку поангажирано во нападот, што и ѝ го донесе конечниот триумф.

Колку овој дуел беше несодржаен покажува и податокот дека првиот удар во рамките на головите, од која и да е страна, беше упатен дури во 64 минута, кога обидот на Кандрева го запре Исаксон. Новата шанса Италија ја имаше во 82 минута, кога Џакерини испрати добар центаршут од левата страна, но Пароло со главата од пет метри ја погоди пречката.

Италија на крајот дојде до победата во 88 минута, кога Кјелини изведе аут, Заза со глава во фор му ја проследи топката на Едер кој мина низ тројца шведски фудбалери и со низок удар го погоди самиот лев агол.

Во вториот меч од оваа група, во сабота во 15 часот ќе играат Белгија и Ирска.

Италија е на врвот од табелата со шест бодови, Ирска и Шведска имаат по еден, а Белгија нема бодови.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.