6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЕВРО 2016: Хрватска мина со парична казна

УЕФА го казниФудбалскиот сојуз на Хрватска, парично со 100.000 евра, и со забраната на продажба на билети на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани.

hrvatska_fakeli_kazna

Хрватскиот сојуз е казнет поради инцидентите кои група навивачи ги предизвикаа на натпреварот со Чешка (2-2), одигран во Сент Етиен на 17.јуни.

На споменатиот натпревар група на хрватски навивачи во 85.минута предизвика прекин откако на теренот фрлија факели и топовски удари.

Инаку, УЕФА води постапка против Хрватска и поради инцидентот на на мечот со Турција, одигран во првото коло. На овој меч навивачите користеа пиротехника на трибините, а еден од фановите влета на теренот и заедно со фудбалерите го прослави голот на Модриќ.

Хрватскиот фудбалски сојуз, во изминатите пет години, поради навивачите во касата на УЕФА има уплатено повеќе од 500.000 евра.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.