6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ЕВРО 2016: Историски бод за Исланд (видео)

Фудбалската репрезентација на Исланд освои бод против фаворизираната Португалија, откако во натпреварот, во рамките на првото коло во Ф групата одигра 1-1.

island_gol

Португалците кои како големи фаворити влегоа во натпреварот, во првите 30 минути ја испуштија шансата да го решат победникот, иако Исланд преку Сигурдсон во четвртата минута ја пропуштиј првата голема шанса.

Португалија поведе преку Нани во 31.минута, откако по десната страна убаво комбинираа Рафаел и Андре Гомеш, кој нафрли од прва, а Нани ја прследи топката во голот на Исланд.

Голот на Нани е 600-от во историјата на европските првенства.

Исланѓаните израмнија во раната фаза од вториот дел, во 50.минута, кога по центаршутот на Гудмунсон, Виериња заборави на Бјарнасон кој со полуволеј го совлада Риу Патрисио.

До крајот на мечот Португалците ја контролираа играта, но против оргаризираната и борбената исландска одбрана, создадоа само една шанса. Во 85.минута, Роналдо со глава биеше право во голманот на Исланд.

Роналдо на овој меч се израмни според бројот на настапите за Португалија со Луис Фиго и двајцата имаат одиграно по 127 натпревари.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.