Кошаркарот на ЦСКА Москва, Нандо Де Коло е прогласен за најкорисен играч во Евролигата оваа сезона.
Францускиот репрезентативец зад себе има извонредна сезона, избори пласман во ЦСКА на завршниот турнир, кој в петок, ќе започне во Берлин, а покрај наградата МВП на сезоната, тој сезонава е најдобра стрелец во лигата и е избран во првата петорка на Евролигата.
Де Коло добил најмногу гласови од акредитираните медиуми и навивачите. Сезонава тој во просек постигнува по 18,9 поени по натпревар.