Евролигата и нејзините членки ја повлекоа тужбата во Минхен против Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Тужбата е покрената на 2.јуни, а пред Евролигата се пријавени клубовите Фенербахче, Макаби, Олимпијакос, Реал, Гран Канарија, Олимпија, Лијетувос Ритас, Цедевита, Зјелона Гора, Уникаха, како и шпанската лига АЦБ и регионалната АБА лига.
Судот по повлекувањето на тужбата ја откажа расправата која претходно беше закажана за 19.јули, а Евролигата и нејзините соработници ќе мора да ги платат комплетните трошоци, вклучувајќи ги и трошоците на ФИБА и ФИБА Европа.
Евролигата ја тужеше ФИБА сметајќи дека врши притисок врз клубовите, играчите и судиите, тие да ги бојкотираат натпреварувањата кои се во нејзина организација.