Плејмејкерот на кошаркарската репрезентација на Србија, Стефан Јовиќ, ќе може да игра во финалниот меч против Словенија на 40.Европско првенство.

Србија, во петокот, ја совлада Русија 87:79, во полу-финалето на Евробаскетот, а последната четвртина Србите ја играа без стартниот плејмејкер Јовиќ кој го повреди скочниот зглоб во финишот на третиот период.

Снимката од денешната магнетна резонанца покажала дека Јовиќ има само полесна дисторзија на скочниот зглоб.

Србија во текот на Европското првенство веќе остана без Бранко Лазиќ, кој го повреди мускулот, а иако е во тимот воопшто не влегува во игра.

Финалниот меч на Евробаскетот Србија-Словенија се игра утревечер од 20:30 часот.