6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Евробаскет: Ограбени кошаркари во Тел Авив

Неколкумина кошаркари кои со своите национални тимови учествуваат на Евробаскетот биле ограбени во Тел Авив, а најлошо минал Литванецот Донатас Мотејунас, кој останал без 6.000 евра, објави познатиот новинар Дејвид Пик.

Наводно, крадците во хотелот „Хилтон“ ограбиле неколку играчи додека во вторникот Литванија играше против Украина.

Како што е соопштено, Мотејунас останал без 6.000 евра, а на неколкумина други им биле украдени часовниците и кредитните картички.

Сите репрезентации што настапуваат во Б-групата на Евробаскетот се сместени во еден од најлуксузните хотели во Тел Авив, „Хилтон“.

Претходно играчите забележале дека собите им ги чистат двапати на ден. Сомнежите се дека крадците имале електронски клучеви.

Тимовите во Тел Авив ќе бидат уште утре кога ќе се преселат во Истанбул каде што ќе се игра главната фаза на Евробаскетот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.