Сигурно сте наишле на маж, кој веднаш ќе Ве освои, мислите само за него и веднаш сакате да отидете со него во кревет? Еве што мислат момците за тоа.

Можеби воопшто не сте планирале да спиете со него, но “искрата” била толку силна и не сте можеле да се запрете. Било совршено, но следното утро сте се сетиле дека ова однесување не е достојно за една дама. Загрижени сте дали сте направиле нешто лошо? Што се случува, ако веќе не Ви се јави?

Еве што мислат за сето ова момчињата…

Ако не влезете веднаш во неговиот кревет, ќе Ве посакува уште повеќе. Мажите по природа се конкурентни, сакаат предизвици и сакаат да “ловат”. Тоа ги возбудува и мотивира. Мажите го сакаат она што мислат дека не можат да го имаат.

Токму во овој период кога “бркаат” некоја девојка, момчињата прво емотивно се поврзуваат со неа, а ако веднаш имаат секс со неа, веројатно е дека нивниот интерес може да се намали. Нема број на средби кои треба да поминат пред првиот секс, но ако малку почекате, поголеми се шансите да не гледа на вас како девојка за една вечер, туку како “материјал” за врска.

Мажите го потврдуваат тоа – има нешто во жените, што ги тера да чекаат. Иако ќе се обидат да Ве однесат во кревет – мажите се природно насочени кон репродукција, сепак во себе, ќе се надеваат дека нема да се согласите веднаш. Ако го натерате некое време да чека за интимноста, ќе се фокусира, не на тоа да Ве однесе во кревет, туку да Ви го освои срцето.