Грците велат дека идентитетот е во прашање, а ние постојано под наводници аргументираме дека не е така. Извинете. Зборуваме за национален идентитет. Сите држави во централна и источна Европа настанале по концептот нација етнос држава. Истото се случило и овде на вториот Асном. Првиот Асном бил обид. Првиот Асном ако се сеќавате е со паролата Македонија на Македонците. И тоа не само од револуционерите. Туку од многу државници, дури и во Times излегол тој наслов.
Отворете на која и да е веб страница околу Илинден, прво што ќе ви се појави е знамето на Крушевската Република или Илинден. Ама на тоа знаме е етничка Македонија од тоа време. Е сега веднаш ќе ве обвинат за иредентизам. Две именки една покрај друга, јас не знам дали Илинден ќе се преведува, бидејќи Илинден на грчките граѓани ништо не им значи, но како тоа ќе се одрази на придавките разноразни, да не излеземе како велигденските острови, егзотика. Јас повеќе сум од придавки од генерички карактер, кои одат рака под рака со држава, а не со области.
Нашата толеранција како да нема праг. Уставот е највисокиот, највнатрешниот акт, тука се изразува суверинитетот, затоа уставите се потврдуваат на референдуми во многу земји. Па тогаш од кого произлегува суверинитетот во Македонија? Од граѓаните на Република Македонија. Секоја генерација има право на уставни промени, не можете вие со промена на уставот да задолжите некои идни идни власти и генерации. Тоа е непознат феномен. Тоа е многу погрешно. Не може да се обврзе никој за тоа што ќе се случува во наредните 5, 10, 15 години. Тоа едноставно не држи. 26 години ние како индивидуи и како нација се чувствуваме нерамноправни, за нас важеа различни критериуми, но сепак има норми, постојат Обединети Нации, постои меѓународно право, оние држави кои не признаа нас под уставно име не го направија тоа од жалење туку поради тоа што овде едноставно не може да има други критериуми. Кога влегувате во ваков преговарачки процес кога станува збор за име на држава која сте го наследиле. Привремената спогодба требаше да ги релаксира односите, така пишува, за да можеме рамноправно да преговараме а да не бидеме попречувани во евроинтегративните процеси.
Јас не гледам доверба со вакви уцени, тоа е говор кој што ние требаше да го избегнуваме, ние имаме пресуда на меѓународен суд на правдата во која се вели дека првата страна го прекршила членот 11 од привремената спогодба. Првата страна потпис ставила и се согласила судот да биде арбитар. Јас ќе разбирам кога НАТО вели: Па политички е процесот. Но кога Грција прифатила арбитража на суд, тогаш таа одлука треба да ја почитува.
За да не ви раскажуваме што велеше професорката Силјановска, во прилог линк од нејзиното гостување на Топ Тема претходната година, во однос на уставните измени.
Извор: delcevodenes.mk