Кога врската ќе пропадне, сигурно се прашувате зошто тоа е така. Тажно е што многу често жените не знаат зошто нивната врска тргнала во погрешна насока и сметаат дека тие не се виновни, а сепак имаат вина. Еве кои се причините:
Сакате да го промените
Многу жени влегуваат во врска и очекуваат од мажот да промени кај себе некои работи. Ако тој го стори тоа, не треба да се радувате толку брзо, бидејќи тоа може да Ви се врати на лош начин. Ако сакате тој да се откаже од работите во животот, кои го прават среќен, најверојатно ќе се откаже и од вас.
Обрнувате внимание на ситни нешта
Романсата е како игра покер, добро е да се задржат емоциите. Мажите им даваат значење на општите теми, додека жените се задржуваат на мали нешта. Во своите постапки мажот нема скриени намери. Ако излезе со пријателите, тогаш тој навистина излегол со пријателите.
Секс на првиот состанок
Жената која си оди само со бакнеж за добра ноќ и го остава да чека, е многу повозбудлива за мажот.
Повторување на нешто додека не загуби смисла
Според жените за љубовта треба да се зборува “тивко”. Со други зборови, тоа се оние работи кои ги правите додека никој не Ве гледа, кога ќе го фатите за рака и сакате да му кажете дека сè ќе биде во ред. Ако постојано велите “те сакам”, тогаш овие зборови ќе го изгубат своето значење.
Не се чувствува како да е заштитник
Како жената што сака да се чувствува заштитена, така и мажот сака да знае дека токму заради него таа се чувствува така.