Ако оваа година се колебаете каде да ја поставите вашата елка, искористете ги советите на Фен Шуи светот.
Нај-доброто место за вашата новогодишна елка се сите агли во вашиот дом или во централниот дел на домот, каде ќе треба да ја концентрирате празничната енергија. Каде и да ја поставите вашата новогодишна елка, внимавајте да не го попречите проток на Чи енергија, т.с елката да не го блокира влезот во домот и да не биде премногу близу до некоја врата.
Уште едно место на кое не треба да биде поставена елката е ходникот или пак до извор на топлинска енергија во домот.
Според Фен Шуи, елката треба да биде поставена во горниот лев агол во вашиот дом, гледано од влезот на вашата куќа или стан. Овој дел од домот се смета за аголот на богатството, а триаголниците како форма и дрвото како материјал имаа позитивно влијание врз атмосферата.
Поставувањето на новогодишната елка ќе привлече богатство, просперитет и хармонија во вашиот дом.